Работилница за зајакнување на капацитетите на ДИК и регионалните канцеларии

Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси, Работилници и обуки

Во рамки на проектот „Поддршка на изборни реформи“ се одржа четиридневна работилница за обука на Државната изборна комисија и вработените од регионалните канцеларии. Во фокусот на овие работилици беа теми поврзани со општи информации за изборите, комуникација и интеракција со гласачи, избори – поим, историја, избирачко право, права и обврски на вработените како државни службеници, интеракција со нови гласачи и кампањи за едукација на гласачите, справување со предизвикувачки ситуации (активно слушање, професионално однесување, говор на тело), менаџмент на човечки ресурси, сајбер хигиена и безбедност при избори, заштита на интегритетот на изборите и заштита на податоци на гласачите.

На првиот ден од четиридневната обука се зборуваше за oпшти информации поврзани со избори и комуникција и интеракција со гласачи. Акцентот беше ставен на историјатот на изборите, како и избирачкото право и аспектите на избирачко право, изборен систем и изборни модели, како и комуникација и интеракција со гласачи, кодекс за административни службеници, интеракција со нови гласачи и кампањи за едукација на гласачите и справување со предизвикувачки ситуации. Организаторите на првиот ден од работната сесија организираа и квиз за присутните и работа во групи, а беа отворени и продуктивни дискусии.

dav

Вториот ден од работилницата беше посветен на менаџирањето со човечки ресури. Преку интерактивно предавање, вработените во ДИК имаа ретка можност да ги доусовршат своите вештини на теми како основи и еволуција на менаџментот на човечки ресурси (главни улоги на МЧР во организацијата, кој е вистинскиот менаџер со луѓе во една организација), организациско однесување (што ги прави организациите успешни и живи, канали на комуникација, посакувани и непосакувани однесувања на работа, стилови на комуникација…), ангажираност на вработените (како луѓето се мотивираат да внесат повеќе потенцијал и енергија во работата, поим за ангажираност, предуслови за поттикнување на ангажираноста) и „организација која учи“ (од човечки ресури кон човечки капитал и поим за компетентност и мајсторство).

dav

Третата работна сесија беше посветена на сајбер хигиена и безбедност при избори.
Вработените беа обучувани како да менаџираат со лозинки и да прават бекап на податоци, софтвер и хардвер, техники за дезинформирање (напаѓање или навредување, извртување на вистината, одвлекување на вниманието, вознемирување и креирање или продлабочување на поделби, злоупотреба на социјални мрежи, дезинформации од политичари, креирање лажни портали за време на избори…) и останати информациски дисторзии и нивното влијание врз изборниот процес и за заштита на интегритетот на изборите.

dav

Последната работилница тематски беше поврзана со заштита на лични податоци на гласачите, кои се добри и лоши практики при заштита на податоците, GDPR и останати системи за заштита на личните податоци.

sdr

Пред оваа четиридневна работилница, претходеше првата серија работилници за обука, унапредување и зајакнување на капацитетите на регионалните канцеларии на Државната изборна комисија, кои се одржаа во јануари годинава. Предвидено е ваков тип на досувршување на вештините за работата на вработените во ДИК и јакнење на нивните капацитете да се одвиваат до 2023 година.
Целта на оваа серија работилници во голема мера ќе придонесат за доусвршување и унапредување на ефективноста и ефикасноста на изборната администрација, како би можеле да обезбедат подобри услуги за гласачите.

Галерија