Радика-ДЕ одржа јавна дебата на тема ,,Како се справуваме со предизвикот-Нега на стари лица и лица со попреченост”

Иновативни иницијативи - мобилизатори на заедницата, Јавни настани, Мобилизатори на заедницата

На 15 мај, 2023 година, здружението Радика-ДЕ во своите простории во Центар Жупа, одржа јавна дебата на тема ,,Како се справуваме со предизвикот-Нега на стари лица и лица со попреченост”.

На дебатата беа презентирани резултатите од мониторирањето на реализацијата на пред-изборното ветување ,,Помош и нега во домот на стари лица и лица со посебни потреби” кој е дел од општинската програма за 2023 год.

Околу 20тина присутни, претставници од ЕЛС Центар Жупа и останати институции, невладини организации и локално население дебатираа околу прашањето за потребата од овој проект како и неговата досегашна успешност. Присутните ја потенцираа важноста на ова предизборно ветување, како и на заедничката заложба за неговата одржливост.

 

Клучните наоди и препораки кои произлегоа како од овој настан, така и од мониторингот на ветувањето, воглавно се однесуваат на потребата од поголемо споделување на информации и јакнење на соработката на локалните власти  со граѓанскиот сектор и локалното население, се со цел поквалитетен живот за населението од оваа општина.

Резултатите на досегашниот мониторинг покажуваат дека општината работи на исполнување на ветувањето во рамките на своите можности. Од 20 обучени лица, во моментов само 13 лица опслужуваат дури 50 корисници на услугите, што покажува дека локалната самоуправа се соочува со недостаток на негователи за што е потребно изнаоѓање на брзо решение.

Повеќе информации околу проектот на здружението Радика-ДЕ и мониторингот на изборното ветување можат да се добијат на: https://electoralreforms.mk/monitoring-matrix-2022/

Галерија