ПИАЦ на 4те политички партии на Студиска посета во Брисел

Истражувачки и аналитички центри

Осум претставници од четирите Истражувачки и аналитички центри (ПИАЦ на Алијанса за Албанците, ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ),  заеднички присуствуваа на студиска посета во Брисел во периодот помеѓу 7-11 ноември,  како дел од Програмата за сеопфатна поддршка на ПИАЦ.

Програмата беше организирана околу три главни столба:

  • да се собере искуство од прва рака за процесот на креирање политики во рамките на Европскиот парламент (ЕП), да се дознае повеќе за интеграцијата во ЕУ и перспективата на Западен Балкан и Северна Македонија
  • да се соберат информации, знаења и искуства од практичен аспект на спроведување на политиката, преку средбите со Европската комисија и Европската служба за надворешна акција.
  • да  дознаат повеќе за функционирањето на реномирани тинк тенк организации кои работат во Европа, да соберат инспирација, најдобри практики и да ја моделираат својата работа и активности во иднина

 

Целокупната програма беше структурирана да им обезбеди на ПИАЦ разнолични информации, технички и политички, но и образовни, кои ќе им помогнат на ИАЦ да се инспирираат и да го подобрат нивното внатрешно  функционирање.  Состаноците се одржаа со членови на Европскиот парламент, претставници на Европската комисија, претставници на ЕСНА и избрани политички тинк тенкови и фондации.

Главните придобивки на целокупната програма ги опремија ПИАЦ со знаења за нови практики, начини на креирање политики и истражувачки трудови, влијание врз политиката и политичарите, но и целокупното функционирање на институциите и слични организации. Претставниците на ИАЦ во дискусиите со своите колеги разменија мислења за истражувањата, методите за собирање податоци, трендовите и последните анкети и информации, но и целокупниот политички контекст во кој тие функционираат. Програмата обезбеди заедничка платформа за дискусија како меѓу четирите политички партии, така и со претставниците на ЕУ, дел од програмата.

Дополнително, претставниците  беа изложени на дискусија за перспективата на Северна Македонија, позициите и следните чекори кои секоја од страните, но и земјата како целина, треба да ги преземе со цел да го продолжи својот евроинтегративен пат.

Проектот „Поддршка на изборните реформи“ во континуитет работи со ИАЦ од нивното формирање, помагајќи им да работат и функционираат согласно законот, но и да применуваат нови и најдобри практики кои се насочени кон потребите на граѓаните и политиките ориентирани кон податоци.

 

Галерија