Демографскиот извештај презентиран во Струга, Свети Николе и Куманово

Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси, Настани

Од 21-23 март 2022 година, Струга, Свети Николе и Куманово беа домаќини на годинашната серија презентации на Извештајот за влијанието на демографските фактори врз учеството на граѓаните во јавниот живот и едукацијата на гласачите. На овие настани присуствуваа претставници од локалните самоуправи, организации на жени, младински, како и други граѓански организации од Југозападниот, Вардарскиот и Североисточниот регион.
Овој извештај е резултат на сеопфатно демографско истражување за различни категории гласачи, во однос на нивните приоритети, ограничувања и мотивациски фактори. Вклучува наоди и конкретни предлози за тоа како да се подобри граѓанското/учеството на гласачите и ефективноста на кампањите за едукација на гласачите и граѓаните. Обезбедува алтернативни модалитети за ангажирање на гласачите и зголемено учество на гласачите во политичките процеси, а не само на денот на изборите.
Извештајот е резултат на ригорозни истражувања засновани на докази кои обезбедуваат единствени податоци за испитаниците и увид во приоритетите, ограничувањата и одговорот на мотивационите стимулации на 13 демографски профили на гласачи. Извештајот содржи опсежни препораки за секој анализиран профил што се однесуваат на модалитетите на граѓанска едукација, подигнување на свеста за важноста на изборниот процес, изборот на медиуми, алатки и канали за комуникација и видот на пораките.

По презентацијата на Демографскиот извештај во Струга, учесниците дискутираа за различните можности како поактивно да се мобилизираат младите луѓе и како да се потикнат на граѓански активизам. Преку користење дигитални медиуми, социјални медиуми, веб-портали и блогови за да се оствари контакт со помладата популација, пообразованиот и вработениот сегмент од популацијата. Промовирање позитивни примери што се вреднувани од заедницата, како родова еднаквост, инклузивност, образование, човекови права, здравје, подобар квалитет на живот и просперитет.
На презентацијата во Свети Николе фокусот на дискусијата, слично како и во Струга беше свртен кон младите кои се апатични и не се доволно вклучени во социјалниот, јавен и политички живот. Потребни се повеќе средби лице в лице или други настани во заедницата. Неформални средби, дебати, заеднички проекти во заедницата, организирање регионални забавни активности и спортски настани за да се потикне интерес и посетеност.
Учесниците на настанот во Куманово ја поздравија исцрпноста и релевантноста на Извештајот, а со тоа и неговиот потенцијал да служи како алатка која политичките опции треба да ја користат за позначајно допирање до граѓаните и креирање на своите програми. Од особена важност за унапредување на учеството на различни групи граѓани беа истакнати изразената волja за општествена вклученост кај младите во Куманово, рамноправната интеграција на различните етнички заедници, како и зголемување на интеракцијата со руралните населби во рамките на општината.

Презентациите беа заокружени со согласност околу главните препораки на Извештајот, кои се однесуваат на подигнување на свеста за важноста на учеството во општествено-политичкиот живот и граѓанскиот активизам, зајакнување преку развој на вештини и знаења за поголемо граѓанско учество, зголемување на самодовербата на граѓаните дека можат да влијаат на заедницата и општеството, подобрување на негативната перцепција дека граѓаните се недоволно застапени од страна на избраните претставници, промовирање канали и процедури за поттикнување учество во граѓанскиот живот, создавање сојузи со медиуми, граѓански организации, инфлуенсери/познатите личности и промовирање канали и процедури за поттикнување учество во граѓанскиот активизам.

Галерија