Што е (не)сработено?

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување поврзано со „воспоставување на сензорни соби и пристапност за деца со попреченост“ кое е наведено во изборната програма за 2021 година за општина Кисела Вода. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: онлајн анкета, интервјуа со засегнати граѓани, видео кампања, настан со стенд ап комедија, дискусија на тркалезна маса и слично.

Темата на локалниот мониторинг е ставањето во функција на сензорните соби и подобрување на пристапот на децата со попреченост.