Црвен картон за дивите депонии во Шуто Оризари

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на изборните ветувања и ќе се потсетува локалната самоуправа и жителите на општина Шуто Оризари на нерешениот проблем со дивите депонии. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: мапирање на терен (фотодокументација на постојните диви депонии; организирање петиција за општинските и градските власти на Скопје за исполнување на изборното ветување; организирање герила акција; организирање креативна акција (креативен или уметнички активизам); медиумско известување за проблемот со дивата депонија во Општина Шуто Оризари.

Темата на локалниот мониторинг се издвојувањата од општинскиот буџет за справување со дивите депонии.