Справување со комуналниот отпад и подигање на свеста кај граѓаните на Тетово

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на реализацијата на изборното ветување поврзано со „Подобрено собирање на цврст отпад во општина Тетово“. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: теренски посети на населби и локации со препознатлива нечиста животна средина; јавни дебати со засегнати чинители и носители на одлуки; дисеминација на информации и подигнување на свеста преку социјалните мрежи како што се Фејсбук и Инстаграм, итн.

Темата на локалниот мониторинг е начинот на управување со отпадот и неговата селекција во Тетово.