Спортска сала во ОСЕУ ГОСТИВАР

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот до кој е завршена реконструкцијата на спортската сала во општинското средно економско училиште (ОСЕУ) во Гостивар. Ова беше дел од изборната програма и предвидени се активности за реконструкција во општинската програма за развој за 2022-2023 година. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: средби со локалната самоуправа и директорот на ОСЕУ Гостивар; работилница со засегнатите страни; изјави и информирање на јавноста преку локалните телевизии и социјалните медиуми.

Темата на локалниот мониторинг е реконструкцијата на спортската сала во СЕОУ „Гостивар“ од Гостивар.