Шанса за младите – Сега!

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување „Отворање на мини индустриска зона во населено место Подбрегје“ во насока на ревитализација на локалната економија во општина Јегуновце и отворање на нови работни места за младите. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: теренски истражувања; состаноци со локалната самоуправа, лобирање, мобилизирање на младите и локалното население преку потсетување на ветувањето и споделување на резултатите од мониторингот; јавни дебати со засегнатите страни.

Темата на локалниот мониторинг се активностите за отворањето на индустриска зона во населеното место Подбрегје.