Повеќе не е студено во моето училиште

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на неколку меѓусебно поврзани изборни ветувања како што се: реконструкција на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во село Пчиња и реновирање на фасадата на основното училиште „Браќа Рибар“ во село Табановце, како и изградба на канализационен систем во Табановце. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: средби со граѓаните од селото; мобилизација на граѓаните на мирен протест; теренски средби со граѓаните; јавно застапување.

Темата на локалниот мониторинг е реконструкција на ООУ “Браќа Миладиновци“- подрачно училиште во с. Пчиња и изградба на нов спортски терен.