ЕКО-ЛУПА

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување дадено за време на Локалните избори 2021 и 2022 година: Неготино зелен и чист град. Во програмата ,,Гарантирам” на Градоначалникот е содржано изборно ветување за изградба на нов модерен и современ градски парк кај СРЦ Младост кој ќе нуди зеленило, спортски и рекреативни содржини за граѓаните на општина Неготино. Исто така под мотото ,,Неготино зелен и чист град” е предвидено чистење на сите диви депонии и превземање на мерки за спречување на нови. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: Настани во заедницата, кампањи на социјални мрежи, медиумско претставување на резултатите.