Битола – Вело град

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување за реконструкција и изградба на нови пешачки и велосипедски патеки. Пешачките и велосипедски патеки се од исклучително значење за општина како што е Битола. Постојат голем број на луѓе кои секојдневно сакаат да рекреираат или да пешачат низ градот, но голем дел од нив велосипедите или пешачењето го користат и за да стигнат до одредена дестинација (работа, училиште исл.) Со овозможување на посебни пешачки и велосипедски зони низ градот, жителите на Битола ќе се здобијат со голем број на здравствени но и еколошки придобивки. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: Спонзорирани постови на социјално мрежи, соопштенија до медиуми, инфо сесии.