Биди креатор на својата автономна ЗОНА – Младински центар

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување поврзано со отворањето и работењето на Младински центар во општина Прилеп. Ова ветување не е вклучено во Работниот план за 2022 година и Буџетот на локалната самоуправа. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: подготовка и дисеминација на документ за политики за учество и вклученост на младите во економскиот, социјалниот и професионалниот живот; јавна кампања за важноста на Младинскиот центар, јавна петиција до локалната самоуправа за потсетување на изборното ветување и слично.

Темата на локалниот мониторинг е воспоставувањето на младински центар во Прилеп.