Активна младина преку транспарентна општина

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување за идентификување/спречување на загадувачите на животната средина (вода, почва, воздух) преку младински активизам. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: идентификување на загадувачите на животната средина преку фотографирање; изложба на фотографии на откриени загадувачи на животната средина; тркалезна маса за конечна презентација на резултатите.

Темата на локалниот мониторинг е управувањето и селекцијата на отпад во општина Тетово.