Изградба на старечки дом во Кавадарци

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на изборните ветувања на градоначалникот поврзано со „Создавање на модерен и урбан простор за задоволување на потребите на постарото население во општина Кавадарци“ Ова ветување е наведено во програмата на општина Кавадарци за 2022 година. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: воспоставување канали за комуникација со засегнатите страни во врска со ветувањето; истражување и дисеминација на резултатите од истражувањето преку социјалните и традиционалните медиуми; јавни дискусии со засегнатите страни и слично.

Темата на локалниот мониторинг е изграбата на дом за стари лица кој е предвиден да биде изграден во современи услови со што ќе ги задоволи потребите за достоинствен живот на старите лица во Кавадарци.