„Дигиталниот пат кон подобра јавна администрација“

Оваа иницијатива има за цел да информира и да ја подигне свеста за потребата од дигитализација на јавната администрација со цел на зголемување на ефективноста.
Иницијативата ќе го испита јавното мислење за степенот на задоволството од работењето на јавната администрација и истовремено ќе употреби низа алатки за мобилизација на заедницата како што се: кампања на социјални медиуми, видео со административни работници од институциите кои го користат системот, споделување на нивното искуство со него и како истиот влијаел врз нивната работа, памфлети што ќе водат до страни на социјалните медиуми (преку QR-кодови). Активностите во рамките на иницијативата ќе бидат заокружени со панел дискусија за тоа како информатичката технологија може да помогне во процесот на подобрување на јавната администрација.