Од младите за младите во Охрид

Оваа иницијатива ќе го решава тековното прашање поврзано со недостаток на младинска стратегија како и недоволна вклученост на младите луѓе во креирање на јавни политики во Општина Охрид. Со цел да се специфицираат прашањата, проблемите и предизвиците со кои се соочуваат младите луѓе во Охрид, ќе се спроведе квантитативен метод на истражување во форма на телефонска анкета. По истражувањето, ќе бидат организирани полу-структурирани интервјуа со различни засегнати страни, младински и граѓански организации, претставници од општината и ќе се организира работилница за да им се обезбеди на младите простор за креирање на Предлог за стратегија за млади. Предлогот, придружуван со Документот за јавни политики, ќе биде споделен со јавноста и презентиран и доставен до партијата за да стане дел од програмата и кампањата за локалните избори.