Академија за јавни политики

Академија за јавна политика

Академијата за јавни политики ги ангажира подмладоците на политичките партии во долгорочен процес на учење. Учесниците ќе научат како да креираат јавни политики и да влијаат врз нив, како да применат приод заснован на докази во креирањето на јавните политики, при тоа вградувајќи ги темелните вредности на демократските општества, како што се учество, активно граѓанство и вклученост. Во Академијата се комбинираат теоретски сесии за креирањето политики со практичните искуства во осмислувањето и спроведувањето на политичките одговори.

Општа цел:

Да се зајакнат способностите на подмладоците на политичките партии за создавање на јавните политики и влијаење врз нив.

Специфични цели:

Да се зголемат знаењата и вештините на подмладоците на политичките партии за:

  • идентификување на проблемите во заедницата;
  • осмислување на политички одговори на проблемите во заедницата што ќе бидат засновани на докази и вредности;
  • претставување и соопштување на политиките;
  • осмислување на кратки документи за политики;
  • лобирање за спроведување на јавните политики; и
  • осмислување на акциски планови за спроведување на јавните политики.

 

Резултати:

По Академијата, подмладоците на политичките партии ќе знаат како:

  • да ги идентификуваат проблемите во заедницата;
  • да осмислат политички одговори на проблемите во заедницата што ќе бидат засновани на докази и вредности;
  • да ги претстават и соопштат политиките;
  • да изработат кратки документи за политики;
  • да лобираат за спроведување на јавните политики; и
  • да осмислат акциски планови за спроведување на јавните политики.

Галерија