Завршна работилница со втората генерација мобилизатори на заедницата

Мобилизатори на заедницата

Изминатиов викенд ја обележа завршната работилница со втората генерација мобилизатори на заедницата – и сега со гордост можеме да заклучиме дека овој последен циклус работилници беше експлозивно успешен! Овој настан претставуваше не само кулминација на неколкумесечната посветена работа и учење, туку и вовед во реалниот ангажман и мобилизирачки активности на нашите учесници.

Под менторство на врвни експерти-обучувачи, воведните активности на работилницата овозможија преглед на најдобрите техники за ангажирање на заедницата во барањето одговорност од народните избраници на локално ниво. Учесниците потоа се запознаа со механизмот на иновативна иницијатива и различните негови аспекти, како што се документите за аплицирање, буџетските формулари и определувањето на целите и активностите на иницијативата. На учесниците им беше даден простор за инспирација и индивидуална работа во насока кон создавање идеи и креирање успешни апликации. Резултатите од овој процес беа презентирани и отворени за конструктивни забелешки. Ваквото длабинско изучување на механизмот на иновативна иницијатива на учесниците им обезбеди огромно знаење и практичен увид во различните начини на основање успешни иницијативи како одговор на потребите на заедницата.

Оваа последна серија работилници произведе нова генерација мобилизатори на заедницата опремени со сите потребни вештини да дејствуваат кон подигување на целокупната свест, поттикнување на активноста на заедницата по прашања кои ѝ се важни и, најпосле, кон оформувањето и влијанието врз политичкото однесување во државата.