Програма за обука на мобилизаторите на заедницата

Мобилизатори на заедницата

Програмата за обука на мобилизаторите на заедницата ќе ги ангажира младите лица од целата земја со цел да ги опреми со вештини за јавно учество и ангажирање на заедницата, за следење на партиските платформи и успешноста на Владата и/или за застапување. Програмата за обука се состои од три одвоени циклуси.

Првиот циклус е посветен на следењето на ветувањата на политичките партии за време на парламентарните избори во 2020 година. Другите два циклуси се поврзани со локалните избори во 2021 година, со цел следење на ветувањата на политичките партии на општинско ниво. Секој циклус ќе се состои од 3 работилници, чијашто цел ќе биде да се унапредат способностите на двигателите на заедницата и да им се помогне да изработат планови за следење и акциски планови, чијашто цел е да се подигне свеста меѓу заедниците за важноста да се следат политичките партии и избраните функционери и да се повикаат на одговорност за нивната работа.

Општа цел:

Да се развијат вештините и способностите на мобилизаторите на заедницата за јавно учество и ангажирање на заедницата, за следење на партиската платформа и за мерење на успешноста на централните и локалните власти.

Специфични цели:

  • да се развијат способностите на двигателите на заедницата што им се потребни за следење на партиските платформи и степенот до кој ќе ги исполнат своите предизборни ветувања;
  • да се опремат двигателите на заедницата со алатки за следење и мерење на успешноста како на централната така и на локалната власт;
  • да се зголемат нивните знаења и сфаќања за концептите како што се мобилизирање на заедницата, јавни политики засновани на докази и разликата помеѓу централните и локалните власти; и
  • да се олесни процесот на креирање планови за следење и планови за акции во заедницата и нејзино мобилизирање.

 

Резултати:

  • зголемени способности и вештини на двигателите на заедницата во областа на следење на партиските платформи и успешноста на централните и локалните власти;
  • зголемени знаења за мобилизирање на заедницата, за процесот на креирање на јавните политики, и за разликите помеѓу централните и локалните власти; и
  • планови за следење на изборните програми во кампањите на политичките партии и акциски планови за мобилизирање на заедницата.

 

 

Мобилизатори на заедницата

Кои се тие?

Мобилизаторите на заедница се актери од граѓанското општество, претставници на медиумите и граѓаните активни во нивните заедници кои, по обуката, со помош на менторската поддршка од НМСМ, се очекува да ги следат платформите и реториката на политичките партии и кандидати. Мобилизаторите на заедницата, исто така, ќе го мерат степенот до кој избраните функционери ги спроведуваат ветувањата и/или нивото на ефикасност на владите во однос на ветените резултати.

За првиот круг на мобилизатори на заедницата тимот на проектот ангажираше 17 млади активисти од целата земја. Тројца од нив ќе бидат активни во регионот на Скопје, а по двајца мобилизатори на заедницата ќе бидат активни во сите преостанати 7 развојни  региони.

 

Што ќе прават мобилизаторите?

  • Мобилизаторите на заедница ќе проследат низа обуки и работилници во текот на времетраењето на проектот,со цел дополнително да развијат вештини за јавно учество и ангажман со заедницата, да ги следат партиските платформи и однесувањето на владата или нејзината интеракција со избраните претставници и/или застапници. Во текот на оваа фаза на развој на капацитетите, сите мобилизатори на заедницата, со помош на менторите и обучувачите, ќе изберат тема за следење/набљудување.
  • По парламентарните избори во 2020 година, мобилизаторите на заедницата ќе започнат со процесот на следење на избраната тема, и ќе поднесат извештај со заклучоците во претходно дефинирана матрица за следење. За нивниот ангажман, мобилизаторите ќе добиваат месечна стипендија.
  • Во текот на процесот на следење, мобилизаторите на заедницата ќе се вклучат во различни активности кои ќе ги документираат/соберат доказите за процесот на следење и начинот на кој политичките партии (власта) ги одржува ветувањата дадени пред изборите. Доказите можат да бидат презентирани во форма на кратки видеа (мини документарци од една минута за приказни од јавен интерес, со користење на камера и софтвер за уредување на нивните мобилни телефони) кои ќе се споделуваат на социјалните медиуми и платформите посветени на проектот, како што е веб-сајтот на проектот. За таа цел, мобилизаторите на заедницата ќе бидат обучени за видео продукција.
  • Мобилизаторите на заедницата, исто така, ќе спроведат мини иновативни иницијативи. Иницијативите ќе бидат предложени од страна на мобилизаторите и ќе бидат поврзани со темата на следење. Главна цел на спроведувањето на иницијативата е мобилизирање на заедницата и нејзино вклучување во политичкиот живот и следење на работата на оние кои се избрани на власт. Спроведувањето на ваквите иницијативи, ќе биде финансирано од страна на проектот.

 

Поддршка преку менторство

Мобилизаторите на заедница ќе добијат менторска поддршка од НМСМ преку своите регионални канцеларии низ земјата, што ќе им помогне во развојот и имплементацијата на стекнатите знаења и вештини, во рамките на иницијативите за следење и застапување.

За првиот круг, тимот на проектот вклучи 8 ментори (еден ментор од секој развоен регион во Македонија). Сите мобилизатори на заедницата ќе работат непосредно со неговиот/нејзиниот одреден ментор.

Галерија