Пристап и инклузија во изборниот процес Работилница БРИЏ (BRIDGE)

Uncategorized

26 учесници од изборна администрација, политички партии, НВО, институции и медиуми се вклучија во три дневен меѓународно сертифициран БРИЏ (BRIDGE) тренинг за Пристап и инклузија во изборниот процес поддржана од Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.

Овој модул на БРИЏ опфати области во изборните процеси каде пристапот преставува предизвик, кои личности се опфатени и кои решенија може да бидат аплицирани со цел надминување на истите. Меѓународните и локални тренери отворија и фасилитираа плодна дискусија на теми како социјална инклузија преку употреба на нови технологии. Учесниците дискутираа на прашања како: минимални и прифатливи услови за учество во изборниот процес, бариери со кои се соочуваат жените, младите и лицата со попреченост во политиката и процесите на одлучување.

Оваа работилница и сите останати иницијативи имаат за цел да го олеснат пристапот на сите  во изборниот процес, а релевантите чинители да обезбедат глас за сите кои не се чуени и се маргинализирани, притоа промовирајќи активно учество за сите граѓани во процесот.

Работилницата е дел од проектот „Поддршка на изборните реформи“.

 

За BRIDGE-Градење ресурси во демократијата, управувањето и изборите. Тоа е програма за професионален развој, составена од модули, со посебен фокус на изборните процеси. https://www.bridge-project.org/overview/