Мобилизатори на заедницата

Мобилизатори на заедницата

Овој проект има уште една категорија која исто така е многу важна именувана како Мобилизатори на заедницата.

Учесниците од оваа категорија беа избрани на објавениот отворен повик, каде што секој граѓанин имаше можност да се пријави и да биде дел од проектот.

Идејата за инвестирање во оваа област е да се приближиме повеќе до граѓаните и да ги научиме како да дејствуваат во насока на поттикнување на политичките партии да бидат одговорни за дадените ветувања.

Процесот на обука и учење беше поделен на три дела – Модули, каде што првиот модул беше запознавање и се одржа во февруари. За време на овој модул, 16 учесници од сите плански региони во земјата имаа можност да се запознаат со поимите мобилизација и нивната улога.

Трансферот од физичко организирање обуки кон виртуелен начин во вториот модул не беше лесен процес, но немавме друга опција кога е во прашање нашето здравје. Покрај предизвиците, тие демонстрираа одговорност при прилагодувањето кон овој нов начин на функционирање и стекнување знаење.

Ковид – 19 и начинот на управување на техничката Влада беше вежба и начин за обликување на мобилизаторите на заедницата како тие треба да мобилизираат и да ја следат работата на Владата во иднина.

Третиот модул се одржа во септември, кога беше формирана Владата и беше објавен нацрт-програмата.

Идеите и насоките која ќе биде нивната област на следење беа јасни за сите наши мобилизатори на заедницата.

Заедно со должноста за следење/мониторирање во следните 5 месеци, тие ќе треба да развијат план за тоа како ќе ја направат Владата одговорна за напишаните ветувања во програмата за работа преку нивните иновативни иницијативи.

Ќе видиме колку ќе бидат креативни нашите мобилизатори во претстојниот период.

Галерија