Мапа на иновативни иницијативи


Младинскиот активизам означува ангажман на младите со цел постигнување општествени промени, и истиот претставува значајна компонента во секоја држава.

Проектот го поддржува младинскиот активизам преку директна поддршка на млади лица – самостојни активисти и претставници на невладини организации од целата држава, но и претставници на политичките подмладоци коишто самостојно имплементираат иновативни иницијативи во разни области и сфери од општественото живеење.

Присутни сме во сите осум развојни региони во државата. Со кликање на пиновите на интерактивната мапа може да прочитате повеќе информации за самите иницијативи, како и за нивните имплементатори.

  • иницијативи спроведени од мобилизатори 2020 и 2021
  • иницијативи спроведени од политичките подмладоци 2021
  • иницијативи спроведувани од мобилизатори 2022 и 2023