Работилница: Мобилизирање на потенцијалот на младите партиски членови за претстојните парламентарни избори: комуницирање на јавните политики – аргументи и презентација

Истражувачки и аналитички центри, Млади од политички партии, Настани, Политички Партии

Изминатиот викенд, во рамките на Програмата за поддршка на изборите во Северна Македонија, финансирана од Владата на Швајцарија и спроведувана од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), во соработка со истражувачко-аналитичкиот центар на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во Штип организиравме тридневна работилница за членовите на подмладокот на партијата на тема: Мобилизирање на потенцијалот на младите партиски членови за претстојните парламентарни избори: комуницирање на јавните политики – аргументи и презентација.

Повеќе од 30 партиски членови од Унијата на млади сили земаа активно учество на обуката, на која беа опфатени теми од областа на медиумите, комуникацијата и младинските политики. Дискутиравме за важноста на односите со јавноста и комуникацијата во политиката. Ги подготвувавме учесниците за јавно говорење, учество на прес-конференции и ТВ интервјуа. Ги претставивме начините за вклучување на младите во јавните политики и политиката. Разговаравме за дигиталните медиуми, за различните канали, пристапот и успешните стратегии за ефективно користење на социјалните мрежи.

Работилницата: Мобилизирање на потенцијалот на младите партиски членови за претстојните парламентарни избори: комуницирање на јавните политики – аргументи и презентација

Галерија