Работилницата BRIDGE во Скопје успешно ги едуцира учесниците за изборните процеси

Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси, Работилници и обуки

Работилницата BRIDGE, чија цел беше едукација на 25 учесници од земјата вклучително јавни институции, граѓански организации и политички партии  е, успешно заврши во Скопје. Сеопфатната програма траеше од 15-ти до 17-ти март во Скопје и беше дизајнирана да го подобри професионалниот развој на сите засегнати страни вклучени во изборните процеси.

Учесниците на работилницата беа поучени како да развијат ефективни образовни програми за граѓаните и гласачите, да ја истражат важноста на учеството и законските регулативи и да ги откријат осумте суштински чекори за успешно спроведување на овие програми. Програмата имаше за цел да го подобри професионалниот развој на сите вклучени чинители во изборниот процес и да ги научи учесниците како да развијат ефективни едукативни алатки за граѓаните и гласачите.

Работилницата BRIDGE се покажа како вредна можност за учесниците да ги подобрат своите вештини, знаење и самодоверба кога станува збор за политички избори. Програмата беше добро прифатена од присутните кои го пофалија нејзиниот интерактивен и практичен пристап кон учењето.

„Работилницата BRIDGE беше одлична можност за мене да научам повеќе за изборниот процес и како да креирам ефективни програми за едукација на гласачите. Интерактивните вежби беа особено корисни и ми дадоа насоки за подобра интеракција и едукација на гласачите“, рече еден од учесниците.
Успехот на работилницата BRIDGE ја нагласува важноста од продолжување на едукацијата на  гласачите за изборниот процес. Преку зајакнување на засегнатите страни со вештините и знаењата што им се потребни, можеме да создадеме поангажирано и поинформирано гласачко тело.

Работилницата BRIDGE е во рамките на проектот „Поддршка за изборни реформи во Северна Македонија“ поддржан од Владата на Швајцарија и реализиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

 

Галерија