Дискусија за зајакнување на застапеноста на жените во изборните процеси во Северна Македонија

Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси, Настани, Настани

Како дел од проектот Поддршка на изборните реформи, кој е финансиран од Владата на Швајцарија, а го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), со поддршка од Клубот на пратенички беше организиран значаен настан во контекст на зајакнување на застапеноста и политичкото учество на жените во Северна Македонија. Овој важен настан, „Застапеноста на жените во изборите и политичките процеси во Северна Македонија“ произлегоа научени лекции и препораки за парламентарните избори во 2024 година“, се одржа во Собранието на Република Северна Македонија.

Настанот беше отворен со поздравното обраќање од страна на Лолита Ристова, претседателка на Клубот на пратенички, проследен со исцрпните забелешки од страна на Јоана Козма, директорка на ИФЕС за Северна Македонија. Централна точка на настанот беше презентацијата на сеопфатниот извештај подготвен од Флоренс Гану, меѓународна консултантка за родови прашања.

Овој извештај обезбеди длабинска проценка и предложи препораки за зголемување на политичкото учество на жените на претстојните парламентарни избори. Пратениците од различни парламентарни групи учествуваа во активна дискусија, придонесувајќи со конструктивен дијалог за идните предизвици и можности.

Овој собир означи значаен чекор кон зајакнување на жените во политичкиот пејзаж и гаранција дека нивните гласови се влијателни врз демократските процеси во Северна Македонија.

Дискусија за зајакнување на застапеноста на жените во изборните процеси во Северна Македонија

Галерија