Академијата за јавни политики Модул 4: Медиуми и медијатизација на политиката

Млади од политички партии, Работилници и обуки

Овој тридневен настан кој се оддржа од 31-ви март до 2-ри април, 2023 година во Велес беше исполнет со информативни и интерактивни сесии предводени од врвни говорници и експерти од областа.

На првиот ден, сесијата започна со краток осврт на третиот модул и преглед на четвртиот модулот, по што следеше интерактивна дискусија за, на тема „Медијатизација на политиката: етика и интегритет“. Панел дискусијата предводена од Назим Рашиди, од Алсат ТВ и Игор Мицевски, истражувач на на Институтот за истражување на општествениот развој (РЕСИС) ја истакнаа клучната улога што ја играат медиумите во современата политика и важноста од совладување на внатрешната логика на медиумите, како и традиционалните и новите социјални медиуми. Ноќната сесија беше подеднакво интересна, а режисерот Ѓорче Ставрески водеше дискусија која предизвика размислување за односот меѓу уметноста, етиката и политиката.

Вториот ден започна со сесија на тема „Политичките партии и медиумите: Стратегија за внатрешна комуникација“,и групна работа на тема „Стратегија за надворешна комуникација“, која ја истакна употребата на иновативни комуникациски алатки, социјални медиуми и содржини погодни за медиумите – предводена од меѓународниот експерт за политички партии, Ијан Гил. Додека во попладневните сесии, Др. Александар Спасов говореше на тема „Демократијата и владеењето на правото во високо медијатизиран контекст“, како и Васко Попетревски, новинар/уредник на 360 степени, заедно со Ана Петрушева, една од основачите на БИРН, кои говореа за важноста на јавниот интерес и улогата на политичарот и истражувачкото новинарство како последна брана на јавниот интерес.

Третиот ден почна со резимирање на документите за јавни политики и ангажманот во заедницата од страна на сите учесници во работилницата, кои ги презентираа свите трудови и искуства од терен. Четвртиот модул заврши со завршна сесија и насоки за следните чекори во врска со активностите поврзани со Академијата за јавни политики, предводена од стафот на Форумот за разумни политики.

https://fb.watch/jJh3MHOel8/

Галерија