Јавна презентација: Bitola SmartAPPcity за современа и отчетна општинска администрација

Академија за јавна политика

На 23 јуни во Битола се одржа јавна презентација на иницијативата Bitola SmartAPPcity, преку која имплементаторот Андреј Гулабовски ги запозна присутните со содржината и целите на проектот, и ги слушна мислењата на младите во општината.

Bitola SmartAPPcity е пакет на реформи чијашто цел е да одговори на слабата вклученост на јавноста во подготовката и реализацијата на буџетот преку испитување на можноста за дигитализација на одредени релевантни процеси на општинско ниво. Истражувањето за содржината на проектот го спроведе Симона Јовеска, а модератор на настанот беше Горан Јошевски. Свои обраќања на презентацијата имаа и претседателот на СДММ Марко Михаилоски и потпретседателот на СДММ Никола Јакимовски.

Заедничката порака беше јасна: во својата радикалност во бората против корупцијата, младите мораат да бидат гласни и да понудат промени коишто ќе ја вратат довербата на граѓаните во институциите и, преку современи дигитални услуги, ќе ја зголемат транспарентноста на општинската администрација и јавните претпријатија.

 

 

Галерија