Јабланица ни ја снемува пред очи, не е време да бидеме пасивни!

Мобилизатори на заедницата

Природните ресурси се нашето најголемо богатство. Во насока на зачувување на истите и одржување на она што природата го подарила, граѓаните мора заеднички да се грижат и да придонесат истата да не се уништи.

Јабланица е втора по големина планина во западната Шарска област. Се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, помеѓу Охридско-струшката и Дебарската Котлина, западно од реката Црн Дрим и брегот на Охридското Езеро. Планината е богата е со вода, а меѓу изворите најпознати се Вевчанските извори.

Во текот на годините планината е искористувана од диви секачи и истата полека се опустошува. Покрај потребата за зголемување на јавната свест кај граѓаните за зачувување на природните богатства, надлежните институции задолжително треба да ги засилат контролите во овој реон и периодот на масовна дрва сеча.

Штетите од дејствијата на шумската мафија се огромни: ерозија на земјиштето, поплави, загаден воздух, осиромашување на животинскиот и растителниот свет, уништување на асфалтираните патишта, нарушување на стопанскиот систем.

Мобилизаторката Лејла Кадриовска, ја мобилизира заедницата со цел зачувување на ресурсите и планината Јабланица.

Jабланица ни ја снемува пред очи, сега не е време да бидеме пасивние мотото под кое Лејла ги повикува граѓаните и институциите. Граѓаните може да направат повеќе, заеднички да дејствуваат за подигање на свеста и поголема одговорност од институциите.

Со цел сите да придонесат покрај јавната кампања, граѓаните имаат можност да ја потпишат јавната петиција преку која се бара засилена контрола од институциите во справувањето со шумската мафија.

Петицијата е дел од Иновативната иницијатива на мобилизаторката на заедницата Лејла Кадриеска во рамки на проектот „Поддршка на изборни реформи“ на Швајцарската амбасада/Швацарската агенција за развој и соработка (СДЦ), имплементиран од ИФЕС и НМСМ.

 

Кликни тука и потпиши ја петицијата, придонеси: Петиција

Галерија