Цел и опсег на мониторингот на локално ниво 2022

Цел и опсег на мониторингот на локално ниво

 

Мониторингот на изборните ветувања на политичките партии и како тие се спроведуваат од страна на единиците на локалната самоуправа ќе се спроведува од страна на 25 активни граѓански организации во земјата и околу 50 мобилизатори во заедницата кои се предложени од овие организации. Мобилизирањето на заедницата и мониторингот на изборните ветувања е активност во рамки на проектот Поддршка за изборните реформи. Досега, во соработка со консултантите од Системи за стратешки менаџмент, (ССМ) преку проектот се зајакнаа капацитетите на 40 мобилизатори во заедницата за мобилизација и мониторинг на изборните ветувања на ниво на централна и локална власт.

Програмата за Мобилизација на заедницата и мониторинг на изборните ветувања има за цел да се зголеми ангажманот на заедницата за прашања што се релевантни за конкретни заедници. Делот од програмата за спроведување мониторинг опфаќа период од 6 месеци, односно од 1 ноември 2022 до април 2023. Собраните податоци од спроведениот мониторинг на единиците на локалната самоуправа се претставени во Матрица за мониторинг што се пополнува секој месец за конкретна област на приоритети за која мобилизаторите во заедницата спроведуваат мониторинг во разни општини. 

 

 

Одрекување на одговорност

 

Податоците содржани во Матрицата за мониторинг се однесуваат непосредно на конкретна тема/ветување што е предмет на мониторинг од страна на мобилизаторите во заедницата. Дадените податоци не ја отсликуваат транспарентноста на одредена општина, ниту во главни црти ниту за други теми што не се опфатени со процесот на мониторинг. Истото се однесува на методите што се користат во одредена општина за да се обезбеди учество на граѓаните.