Серијата работилници за обука на вработените во ДИК продолжува

Strengthened Institutions Conduct Fair and Efficient Election Process

По првата серија работилници за обука, унапредување и зајакнување на капацитетите на регионалните канцеларии на Државната изборна комисија, кои се одржаа во јануари во рамки на проектот „Поддршка на изборни реформи“, од 28 февруари до 3 март во Скопје најавени се уште четири обуки за вработените во ДИК.

Во фокусот на најавените работилници ќе бидат: општи информации за изборите и комуникација и интеракција со гласачи, избори – поим, историја, избирачко право, права и обврски на вработените како државни службеници, интеракција со нови гласачи и кампањи за едукација на гласачите, справување со предизвикувачки ситуации (активно слушање, професионално однесување, говор на тело), менаџмент на човечки ресурси, сајбер хигиена и безбедност при избори, заштита на интегритетот на изборите и заштита на податоци на гласачите.

Целта на оваа серија работилници во голема мера ќе придонесат за доусвршување и унапредување на ефективноста и ефикасноста на изборната администрација, како би можеле да обезбедат подобри услуги за гласачите.

Галерија