Позитивниот тренд на презентации и дисеминации на Демографскиот извештај качува позитивни вертикали

Uncategorized

Извештајот за влијанието на демографските фактори врз учеството на граѓаните во јавниот живот и едукацијата на гласачите, како дел од проектот „Поддршка на изборните реформи“, од септември минатата година до денес имаше серија презентации низ земјава. Овој документ содржи огромна база податоци, на кои им претходат ригорозни истражувања засновани на докази, кои обезбедуваат единствени податоци за испитаниците и увид во приоритетите на гласачите, ограничувањата и мотивациските фактори за 13 демографски профили на гласачи.
Во септември 2021 година, Извештајот за првпат беше презентиран во Скопје, Битола, Тетово и Велес, а серија презентации продолжија и оваа година. Само во месец март беа реализирани успешни презентации во Струга, Свети Николе, Куманово и Скопје, а на почетокот во април и во Тетово, на кои присуствуваа претставници од локалните самоуправи, општинските совети, организации на жени, политички партии, медиуми, невладини организации, млади активисти, мобилизатори на заедници, младински и други граѓански организации.

dav

Учесниците на овие интерактивни сесии едногласно ја поздравија исцрпноста и релевантноста на Извештајот, и неговиот потенцијал, кој служи како алатка, која политичките опции може да ја користат за потемелно да допрат до граѓаните и во креирање на своите програми. Од особена важност за унапредување на учеството на различни групи граѓани беа истакнати, пред се, изразената волja за општествена вклученост кај младите. Потоа, рамноправна интеграција на различните етнички заедници, зголемување на интеракцијата со руралните населби во рамките на општините. Акцентот беше ставен и на промовирање позитивни примери што се вреднувани од заедницата, како родова еднаквост, инклузивност, образование, човекови права, здравје, подобар квалитет на живот и просперитет.
Неодамна, Извештајот беше презентиран и на политичките подмладоци од 26 политички партии во земјава, како и на форум пред претставници на водечките медиуми во земјава.

Во рамки на гореспоменатите презентации на Извештајот земале учество 108 партиципанти. На Фејсбук страницата на проектот „Поддршка на изборни реформи“ и на нашата веб страница за Демографскиот извештај досега се информирале преку 880 граѓани.
Овој извештај е резултат на сеопфатно и ригорозно демографско истражување за различни категории гласачи, во однос на нивните приоритети, ограничувања и мотивациски фактори. Вклучува наоди и конкретни предлози за тоа како да се подобри граѓанското/учеството на гласачите и ефективноста на кампањите за едукација на гласачите и граѓаните и обезбедува алтернативни модалитети за ангажирање на гласачите и зголемено учество на гласачите во политичките процеси, а не само на денот на изборите.

Галерија