Повик за Иновативни иницијативи

Академија за јавна политика

Во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), објавуваат:

Повик за ИНОВАТИВНИ ИНИЦИЈАТИВИ

за припадници на подмладоците на политичките партии

 

Водич за апликантите

I. Осврт

„Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и нејзиниот партнер, Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

Проектот цели кон поинклузивни и подемократски изборни процеси раководени од зајакната организација на изборите, кои се одблизу набљудувани од граѓаните.

За потребите на Проектот е осмислен трикратен стратегиски приод:

  1. Да се изградат капацитетите на изборната администрација што ќе ги спроведува изборите;
  2. Да се поддржат преку политички дијалог повеќе политики и партиски програми кои се граѓански ориентирани, како и истражувања и политики засновани на докази;
  3. Да се зајакне капацитетот на граѓаните да ги повикаат на одговорност партиите и избраните функционери во однос на нивните ветувања.

Главни корисници на проектот се изборната администрација, владините агенции и министерствата вклучени во организацијата на изборите; граѓанските организации, гласачите и самите граѓани.

Други клучни корисници и чинители на проектот се политичките партии кои предлагаат, и доколку бидат избрани, спроведуваат програми ориентирани кон потребите на граѓаните.

Првата фаза од проектот започна во август 2019 година и се очекува да заврши во јуни 2023 година.

II. Цел на овој повик

Целта на овој повик е да се обезбеди поддршка на младите од политичките партии (поединци) да планираат и реализираат различни иновативни иницијативи кои имаат за цел да ги идентификуваат и разгледуваат решенијата кои одговараат на потребите и грижите на граѓаните во нивните заедници и со тоа да донесат позитивни промени.

Тоа претставува можност за младите од политичките партии да ги:

ЧЕКОР 1: Идентификуваат проблемите или предизвиците на заедницата.

ЧЕКОР 2: Предложат решенија за решавање и надминување на идентификуваните проблеми или предизвици.

ЧЕКОР 3: Изработат и спроведат иновативни иницијатива кои ќе му помогнат на апликантот да:

  • пронајде сојузници за иницирање позитивни локални промени и/или
  • воспостави добра комуникација и да ги разбере потребите на различните заедници со посебен фокус на ранливите групи, вклучително и на жени, млади, лица со попреченост и рурални/оддалечени заедници, но не ограничувајќи се само на овие категории на граѓани;
  • собере докази и релевантни податоци за идентификуваниот проблем/предизвик или предложените решенија;
  • преземе активности кои ќе ја зголемат свеста (на носителите на одлуки, релевантните засегнати страни, политичките партии, пошироката јавност, итн.) за идентификуваниот предизвик и предложените решенија.

Иновативните иницијативи може да се фокусираат на области како што се: изборниот процес воопшто и/или претстојните локални избори, образование, млади, вработување, социјална политика, животна средина, здравство и други.

Примери на активности во рамките на иновативната иницијатива може да бидат:

  • Ангажмани за застапување со намера да се презентира идентификуваниот предизвик и предложеното решение во рамките на политичката партија (релевантни партиски комисии, форуми за жени и/или млади, извршни комитети, локални ограноци итн.);
  • Активности за подигање на свеста како што се објави на социјалните мрежи, кампањи, дисеминација на видео материјал;
  • Алатки за подигање на свеста со цел да се поттикне дискусија или да се подигне свеста и знаењето за локалните теми и начините на решавање на истите преку изработка, дизајнирање и печатење на различни информативни, промотивни и едукативни материјали, како на пр. брошури, летоци, кратки видеа, инфографици; и изработка на едноставни апликации за ИТ насочени кон поддршка или олеснување на напорите за застапување и/или подигање на свеста;
  • Активности поврзани со истражувања – спроведување истражувања (преку анкети, интервјуа и/или фокус групи) за собирање податоци и анализа на јавното мислење за прашање кои ја засегаат заедницата или решенија за идентификуваната тема;
  • Организирање на настани за поддршка на горенаведеното – обуки/ семинари/ форуми / консултативни состаноци на заедницата;

 

Следните иницијативи НЕМА да бидат поддржани во рамките на овој повик:

  • Пронаоѓање поддршка или промовирање на одредена политичка партија/коалиција;
  • Активности кои вклучуваат или промовираат говор на омраза/мисинформации/дезинформации;
  • Активности кои не се во согласност со владините протоколи за Ковид-19.

 

III. Временска рамка за спроведување на иновативната иницијатива

Имплементацијата на иновативната иницијатива треба да започне на крајот на ноември/почетокот на декември 2020 година и да се финализира до 30 април 2021 година. Од апликантите се бара да предложат детален временски рок за нивно спроведување, вклучувајќи ги фазите на подготовка и поднесување на извештаи.

 

IV. Финансиска поддршка

Иновативните иницијативи кои ќе бидат избрани во рамките на проектот Поддршка на изборните реформи, ќе бидат финансиски поддржани во текот на целото нивно спроведување според одобрениот буџет.

На избраните апликанти ќе им се обезбеди финансиска поддршка во натура во износ од 1.500 швајцарски франци до максимум 3.500 швајцарски франци (во зависност од сложеноста и бројноста на предложените активности) за спроведување на иновативните иницијативи. Поддршката во натура значи дека проектниот тим ќе биде одговорен за покривање на сите одобрени трошоци (врз основа на придружната документација) и за извршување на сите потребни плаќања за успешно спроведување на иновативните иницијативи. Апликантот ќе биде одговорен за обезбедување на потврди и фактури за одобрените трошоци. Организаторот на овој повик има право да побара измена на предложените буџети на избраните/одобрените апликации.

Во продолжение е списокот на можни прифатливи трошоци кои можат да бидат поддржани во рамките на иновативната иницијатива:

  • Логистички трошоци за организирање настани како што се: изнајмување просторија за настани, опрема, освежителни пијалаци, патни трошоци итн.;
  • Трошоци поврзани со изработката на едноставен софтвер/ИТ апликации кои ќе се користат во напорите за подигање на свеста/застапувањето;
  • Трошоци за дизајн, печатење и дисеминација на информативни/едукативни материјали;
  • Трошоци за подготовка и спроведување активности базирани на истражувања од мали размери (анкети, фокус групи, интервјуа и сл.) На ниво на општина или месна заедница;
  • Трошоци поврзани со трошоците за превод и толкување.

 

V. Постапка за аплицирање

Информациите и упатствата за процесот на аплицирање за заинтересираните апликанти ќе бидат дадени во текот на октомври и почетокот на ноември 2020 година, преку инфо сесии (онлајн или лично, во зависност од КОВИД-19 мерките); детали за сесиите ќе бидат достапни на следнава врска. Ве молиме, следете ја внимателно.

Сите заинтересирани апликанти (индивидуални членови на млади од политичките партии) треба да ја обезбедат следната документација:

 

ЗАБЕЛЕШКА: Образецот за аплицирање и буџетската форма се приложени како посебна документација на овој повик.

Крајниот рок за аплицирање е 20 ноември 2020 година до 24:00 часот по македонско време. Апликациите може да се достават само по електронски пат до [email protected]. Процесот на прегледување на апликациите се очекува да биде финализиран до крајот на ноември 2020 година.

 

  1. Процес на избор

Процесот на избор се состои од следниве чекори:

ЧЕКОР 1: Административно прегледување

Сите навремено примени апликации ќе бидат проверени земајќи ги предвид следниве критериуми:

  • Формат: Апликацијата се доставува согласно бараните пополнети обрасци за аплицирање и буџетски обрасци и е придружена со биографија на апликантот и препораките за членот на политичката партија
  • Јазик: Апликацијата се доставува на македонски или албански јазик
  • Поднесување: Апликацијата се доставува по е-пошта до [email protected]

Апликациите кои ги исполнуваат условите од ЧЕКОР 1 ќе се квалификуваат за следниот чекор

ЧЕКОР 2: Процес на оценување.

Комисијата за оценување ќе ги прегледа апликациите врз основа на следниве критериуми

Релевантност на апликацијата: Апликацијата одговара на целите утврдени во овој повик и предлага области за интервенција релевантни на целната заедница и проектот за Поддршка на изборните реформи. Географската област опфатена со иницијативата е добро дефинирана. 40
Дизајн на иницијативата: Целта и резултатите се јасни, активностите и нивната меѓусебна поврзаност се добро дефинирани, како и целната група/корисниците и сојузниците. Иницијативата предлага иновативни елементи, пристап или алатки кои може да се спроведат во дадената временска рамка. 40
Буџет: Трошоците за планираните активности се рефлектираат во потребниот образец за буџетот и се реални/засноваат на пазарот 20
Максимални поени 100

 

Апликациите кои успешно ќе го поминат вториот чекор со 50 поени и повеќе ќе бидат поканети на следниот чекор.

ЧЕКОР 3: Процес на интервју

За време на последниот чекор од процесот на избор, претходно избраните апликанти ќе бидат поканети на интервју (лично или онлајн) за да ја објаснат нивната мотивација и посветеност на реализирањето на иницијативата и поддршката и интересот од политичката партија.

 

Успешните апликанти ќе потпишат договор со проектот. Одлуката на Комисијата за оценување е конечна.

 

Доколку имате прашања во врска со овој повик, слободно контактирајте ја Маријана Јанческа –[email protected], Координаторот на грантот за овој повик.

 

Апликацискиот образец може да го најдете тука.

Буџетскиот образец може да го најдете тука.

Галерија