Платформа за е-учење на Државната изборна комисија

Нови технологии во изборниот процес

Едукативната платформа за е-учење, развиена во рамките на проектот Поддршка на изборни реформи, преку различни интерактивни содржини и активности е насочена кон подигнување на свеста за важноста на гласањето и придонесува за реализација на потранспарентни изборни процеси и демократско владеење. Наедно, оваа платформа има за цел и да го прошири познавањето поврзано со изборните процедури.

Исклучителна карактеристика на платформата се четирите онлајн курсеви наменети за граѓаните, учесниците на изборите и членовите на изборната администрација (Општински изборни комисии и Избирачки одбори), кои ги едуцираат своите целни корисници со едноставно сликовит јазик, на интерактивен и непосреден начин.

Преку интерактивниот онлајн курс, прирачниците и информативните брошури, граѓаните (гласачите и младите гласачи) можат да се информираат за нивните права и обврски. Членовите, кои се дел од изборната администрација преку овие е – курсеви можат подобро да разберат за одговорноста и ингеренциите, кои ги имаат во изборните процеси и конечно преку видео прирачниците за набљудување на изборни процеси на многу сликовит начин е потенцирана задачата на набљудувачите во поддршка на демократскиот развој и човековите права.

Оваа платформа е наменета за сите граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија што имаат желба да се запознаат со основните поими со кои се сретнуваат во пресрет на кои било изборни процеси. Курсевите нудат куси и јасни објаснувања, со чија помош читателите можат да добијат целосна слика за значењето на изборните процеси во едно демократско општество. Раководејќи се од принципот дека информирана јавност е клучна за успешно
функционирање на едно демократско општество, курсевите даваат детален и јасен преглед за надлежностите на изборната администрација и правата на граѓаните.

Гласачите имаат право да бидат навремено и добро информирани за изборниот процес и за своите изборни права. Изборите се суштински елемент на демократијата. Довербата во органите што ги спроведуваат изборите, како и добро информираните граѓани се предуслов за демократски, кредибилни и правични избори.


Онлајн курсевите можете да ги погледнете на линкот подолу
https://education.sec.mk/

Галерија