Колку младите се запознаени со Проектот „Старт ап село“?

Мобилизатори на заедницата

Дали сте чуле за проектот на Владата за трансформација на комплексот „Македонско село“ во „Старт ап село“?

Идејата позади овој проект е да понуди можност за многу млади од земјава и странство да отворат бизнис без притоа да плаќаат режиски трошоци. Целиот проект е дел од поголема цел на Владата, земјата да стане регионален акцелератор за старт ап, односно центар за развој на нови бизниси за млади претприемачи, со потенцијал за брз пораст.

Нашиот мобилизатор на заедницата, преку својата иницијатива ќе го мониторира процесот на исполнување на проектот и воедно ќе ја запознае јавноста со идејата и важноста за проектот.

Исполнувањето и прогресот на овој проект ќе бидат под будното око на нашиот мобилизатор на заедницата Диме Мицевски.

Во прилог се резултатите од онлајн анкетата спроведена во периодот декември – јануари, со вкупно 107 млади испитаници до 29 години. Целта на анкетата е да се види колку младите се запознаени со ветувањето на Владата во однос на овој проект.