Како до поефикасна изборна администрација за подобрување на услугите за гласачите

Strengthened Institutions Conduct Fair and Efficient Election Process

Се одржа првата дводневна работилница на тема „Управување со Избирачкиот список, надлежности, предизвици, решенија, нови технологии“ на која земаа учество претставници од регионалните канцеларии на Државната изборна комисија. Ова е прва од серијата работилници за обука, унапредување и зајакнување на капацитетите на регионалните канцеларии.

На работилницата беше степенувана важноста на избирачкото право и како Уставот го дефинира избирачкото право на граѓаните, улогата на Изборниот законик и Државната изборна комисија. Се дискутираше и за избирачкиот список, како база на податоци и јавна исправа во која се запишани полнолетни граѓани со избирачко право, содржина на избирачкиот список и надлежните институции и водење на избирачкиот список. Фокусот беше ставен на надлежностите на подрачните одделенија и канцеларии на ДИК околу ажурирање на податоците во избирачкиот список и ажурирање на описите на избирачките места. Како што истакна Благоја Стојковски, државен советник за избирачки список, избирачко право и избирачки места од ДИК: „Четири пати годишно се прави редовно и тековно ажурирање на податоците во избирачкиот список, што подразбира запишување, бришење и дополнување (промени на податоци)“. На работилницата се разговараше и за опфатот и содржината на нераспределените избирачи и за стручно – техничките описи на избирачките места.
Претставниците од изборната администрација беа запознаени и со воведување нови технологии. Преку видео презентација беше претставена функционалноста на ВИМС – електронскиот систем за евиденција на избирачко право. Како што потенцираше Нермина Ѓурѓевиќ, раководител на одделение за евиденција на избирачко право и ажурирање на избирачкиот список од ДИК, сите претставници од изборната администрација ќе имаат подетална обука за користењето на ВИМС во периодот што следува.

Целта на оваа серија работилници во голема мера ќе придонесат за доусвршување и унапредување на ефективноста и ефикасноста на изборната администрација, како би можеле да обезбедат подобри услуги за гласачите.

Во фокусот на следните работилици ќе бидат глобалните, европските и националните искуства, трендовите и промените, меѓусебна поддршката, доверливоста на податоците, сајбер хигиената, безбедноста на изборите и управувањето со човечки ресурси.

Галерија