Изградбата на објект за противпожарна служба во село Градец ќе биде корисна и за околните општини

Иновативни иницијативи - мобилизатори на заедницата, Мобилизатори на заедницата

Во текот на февруари,  Здружението на жени фармери „Моја фарма“ ја оствари првата средба со претставници на општина Врапчиште, со цел да ги информира за активностите за мониторирање кои ги реализира во рамките на иницијативата „Изградба на објект за противпожарна служба во село Градец, општина Врапчиште“.

Средбата ја остварија со раководителот и вработените во секторот за Локален економски развој во општината, од каде што добија информација дека во текот на 2022 година завршени се процесите и постапките за јавни набавки поврзани со објектот, а во исто време беше посочено дека оваа противпожарна служба во рамките на меѓуопштинската соработка ќе ја користат и жителите од општина Боговиње, што додава уште поголема вредност на мониторинг активностите на Здружението, како и на потребата од нејзина изградба согласно предвидените планови и рокови. Од извршената теренска посета исто така е установено дека изградбата е стигната до фаза на “карабина“ и дека интензивно се одвиваат градежни активности на локацијата предвидена за оваа зграда на противпожарната служба.

Активноста се спроведува во рамките на проектот “Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија”на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

Повеќе резултати од активностите за мониторирање на „Моја фарма“ се достапни овде.

Галерија