Зајакнување на истражувачките капацитети на ИАЦ

Истражувачки и аналитички центри

Во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи“ се одржа работилница со претставници од четирите Истражувачки и аналитички центри (ИАЦ) на најголемите политички партии во земјава на која што беше презентиран нацрт – прирачникот за истражување и анализа на јавните политики.
Во вториот дел од настанот, присутните имаа шанса да ги споделат своите искуства со меѓународниот консултат за јавни политики Лолита Цигане од Летонија, која престојуваше во службена посета на Скопје. На оваа средба, Цигане проговори на теми во насока на подобрување на истражувањата на ИАЦ, со цел да се надминат слабостите и како во иднина да се креираат поуспешни јани политики во корист на нивните гласачи.
Нацрт – прирачникот за истражување и анализа на јавните политики, по чија презентација се разви продуктивна дискусија за неговата применливост и за тоа како да се прилагоди за потребите и капацитетите на ИАЦ е корисна алатка за зајакнување на истражувачките капацитети на центрите и партиите.
Овој прирачник, иако, е теоретски документ, дава и практични насоки како да се спроведат конкретни истражувања. Негова цел е да се зајакнат истражувачките капацитети на ПИАЦ за тие да можат соодветно да ги поддржат партиите во процесите на градење политики на национално и локално ниво. Понатаму и да се прикажат применливи алатки и совети кои ПИАЦ можат да ги искористат при планирање, дизајн и спроведување анализи и истражувања и за проактивно учество на ПИАЦ во аргументирана и одржлива дискусија за решавање на постоечки проблеми.

Прирачникот содржи вовед во јавна политика, што подразбира циклус на јавна политика од идентификување на проблем, истражување и анализа, развој на опции за политики, преку избор на опција на партиска политика, развој и испорачување на порака, до спроведување мониторинг и евалуација. Дизајн на истражување, што претставува логичка мапа која треба да го води истажувачот од „овде„ што всушност преставува почетен чекор и ги поставува иницијалните прашања кои треба да се решат со истражувањето, до „таму„ што претставува краен чекор и ги прикажува заклучоците од истражувањето, поточно одговорите на истражувачките прашања. План и елементи на истражување, истражувачки методи како анкета, фокус група, интервју, анализа на постоечка документација, студии на случај и набљудување, анализа на податоците и презентација на резултатите.
Во вториот дел од работилницата се разговараше за развој на политиките во политичките партии, со преглед на активностите во 2021 и претставување на плановите за 2022 година и за тоа кои се оптималните начини за креирање политики засновани на докази и истражувања.
Цигане потенцираше дека најголем предизвик за истражувачките центри е да им покажат на политичките партии дека нивната работа е нужна и потребна. Во таа насока беше дискутирано дека е неопходна поактивна корелацијата помеѓу ПР тимовите на политичките партии и самите истражувачки центри, како би се подобрила комуникацијата. Се дискутираше и за тоа колку и како политичките партии ги анализираат истражувањата на ИАЦ пред, за време и по политичките кампањи. Вниманието беше задржано најмногу на микро и макро таргетирањето на истражувачките центри и политичките партии за време на нивните политички кампањи. Заклучоците на претставниците од центрите беше дека позитивна политика со микро таргетирање е исклучително важен метод кој треба да се применува во услови на политичка кампања.

Оваа средба резултираше со корисни заклучоци, а присутните се изјаснија дека само со позачестени тренинзи, работилници, семинари и обуки, би можела да се зацврсне нивната експертиза.

Галерија