Втора работилница - Академија за јавни политики, втора генерација

Академија за јавна политика

Од 2-4 април ја одржавме и нашата втора работилница со втората Академија за јавни полтики.

Веќе учесниците се познавеа меѓу себе и работната атмосфера и енергија беше повеќе од позитивна.

На ова работилница се фокусиравме повеќе на теми како лидерството внатре и надвор од партијата, важноста на комуникацијата и интерперсоналните вештини.

Со комбинирање на теоретскиот дел со практичниот, учесниците докажаа дека се полни со желба за интеракција меѓу себе и дебата.

Иако доаѓаат од различни политички партии, соработката и разменувањето на идеите не и недостасува на ова група.

До нашата трета работилница, подмладоците имаат за задача да работат на пишување и развивање на нивните кратки документи за јавни политики и иновативните иницијативи.

 

 

Галерија